Ј.З.У СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ПО ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО "МАЈКА ТЕРЕЗА" - ЧАИР, СКОПЈЕ
РОДИЛНА САЛА

РОДИЛНА САЛА

       Сместувањето и грижата за секоја родилка е наша цел.Родилната сала е просторот каде се одвива самиот чин на породување. Простор исполнет со љубов,среќа и задоволство. Сакаме моментот на доаѓање на свет на новиот член-членови во семејството да биде посебен ,да се запамети за целиот живот. Нашата болница Чаир –се гордее со својот високо професионален тим кој учествува во текот на едно породување било да е спонтано или со царски рез. 24/7 секојдневно активно е вклучен професионално високо едуциран и стручен тим од –специјалист гинеколог- акушер,специјалист педијатар-неонатолог ,специјалист анестезиолог како и акушерка. Акушерката со своите професионални искуства и компетенции се грижи за здравјето и негата на жената и новороденото ,почитувајќи ја секоја жена независно од нејзината политичка ,верска и национална определба. За да се чуствуваат удобно и сигурно жените,имплементирани се медицински протоколи за работа во родилната сала. 

      Присуството на добро организираниот тим во една пријатна и хармонична средина дополнително влијае на емотивната сигурност на жената-родилка . Среќното и задоволно лице на жената-родилка ,за тимот од родилната сала значи дека ја извршиле својата задача –имаат среќна мајка-здраво бебе исреќно семејство. Затоа со право ќе кажеме –родилната сала е срцето на болницата.Таму се раѓа новиот живот,таму владеат среќата и радоста .

Началник на родилна сала е Прим.Др.Лазар Кировски