Оперативниот оддел е во функција уште од отварањето на нашата болница во 1965 год. Од тогаш од денес повеќе искусни гинеколози дале свој допринос во развојот на оперативната гинекологија во нашата болница.Во овој контекст треба да се спомне и доприносот на неколку еминенти професори од Гинеколошката клиника од нашиот Медицински Факултет а тоа се Проф.Др.Шахпазоф, Проф.Др.Лазаревски и Проф.Др.Наумов кои по пензионирањето на клиниката, продолжија со работа во нашата болница извесен период токму на овој оддел, тие пренесоа на помладите колеги усвојување на нови оперативни техники како и знајчајни искуства од својата долгогодишна работа и затоа сме и многу благодарни.
Денес на одделот се изведуваат широка лепеза на гинеколошки операции почнувајќи од помали операции на грлото на матката како Conisatio, LLETZ,понатаму абдоминална хистеректомија во третман на бенигни тумори на матката и јајчници, па се до радикално оперативно решавање на малигноми на грлото и телото на матката. Од неодамна на одделот фунционира и одделение за хистероскопија. и лапароскопија каде тим од двајца млади обучени гинеколози почна да работи со најсовремена апаратура за третман на патологија на јајчниците, вонматерична бременост, хистероскопско вадење на полипи и ресекција на септум на матката.
На одделот работи тим од 4 гинеколози акушери, 6 медицински сестри и 3 хигиеничарки. Одделот располага со 19 болнички кревети распородени во четворокреветни и една двокреветна соба како и еден апартман. Во составот на одделот се и работна соба за персонач, амбулатна и трепезарија за пациентките. Целиот персонал е максимално ангажиран во предоперативна подготовка и постоперативна нега на пациентките што го потврдува и задоволството кај најголем број од нив по испишување од одделот.