Донација за Болницата “Мајка Тереза”
Донација за Болницата “Мајка Тереза”

Донација за Болницата “Мајка Тереза”

Директорката на болницата заедно со раководниот тим ја имаше честа да го пречека Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, и сопственикот на приватната компанија „Мармарис“, кои донираа 10 специјални лабораториски столици, кои ќе се користат за унапредување на квалитетот на медицинските услуги во оваа болница.

По приемот на донацијата, во пријателска атмосфера, директорката на болницата, доц. д-р. сци. Пранвера Изаири, искрено се заблагодари на компанијата за овој хуман гест и го оцени како пример за општествена одговорност кој треба да се следи од сите.

Исто така, на средбата се разговараше за понатамошните потреби на болницата и за плановите за соработка со општината.