Ј.З.У СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ПО ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО "МАЈКА ТЕРЕЗА" - ЧАИР, СКОПЈЕ
ЛАБОРАТОРИЈА

ЛАБОРАТОРИЈА

      Одделот за клиничка биохемија во склоп на болницата, со својот тим на вработени предводен од доктор специјалист по биохемија, нуди широк спектар на рутински и специјализирани лабораториски услуги за испитување крв, урина, 24часа.

      Биохемиската лабораторија ги задоволува потребите на поликлиничкиот и хоспитален дел на болницата, како и на други специјалистички гинеколошки ординации во градот. Во склоп на Биохемиската лабораторија се изведуваат хематолошки анализи, рутински преглед на урина и седимент, биохемиски испитувања, деградациски продукти, електролити, специфични протеини, маркери за воспалителни процеси, хормонски испитувања, тумормаркери и вирусни испитувања: маркери за хепатитис А, Б и Ц, ХИВ, токсоплазмоза, цитомегаловирус, рубела, херпес вирус.Добиените резултати се користат за дијагностика,мониторинг и терaпија на пациентите.