Болничката аптека е во склоп на ЈЗУ Специјална Болница по Гинекологија и Акушерство “МАЈКА ТЕРЕЗА”- Чаир [Аптека од затворен тип].Својата фармацевска здравствена дејност ја извршува во согласност со законот за здравствена заштита. Како посебна организациона единица постои од основањето на болницата.Располага со добра опрема за работа, едуциран стручен кадар за организација на работата и успешно обавување на задачите.
Должноста на болничката аптека е одговорно да врши набавка и снабдување на готови лекови и медицински потрошен материјал се со цел за подобрување на здравјето на пациентите. Има добра соработка со директорот и со здравствените работници од одделенијата кои ја ординират терапијата. Работното време на болничката аптека е секој работен ден од 07:30 do 15:30.
Одговорна за болничката аптека е Дипл.Фарм.Хајсел Идризи