Одделот пуерпериум е составен од стручен медицински кадар кој е составен од специјалисти гинеколози – акушери, акушерки медицински сестри и технички персонал – хигиниечарки кои се достапни на пациентите на секое време 24/7. Љубезноста,стручноста и високата професоиналност е карактеристика за тимот кој работи во овој простор.
Нашиот оддел пуерпериум е составен од 13 соби и тоа : 6 се со 4 кревети, 5 двокреветни и 2 апартмани со по еден кревет. Четворокретните соби се поглед на болничкиот двор, каде што има сопствено купатило, сите неопходни средства и дезинфекциони средства за хигиена на родилки. Двокреветни соби се со поглед кон болничкиот парк,сопствено купатило, сите неопходни средства и дезинфекциони средства за хигиена на родилки. Храната се погодвува во сопствена кујна, три пати дневно се носи свежа храна, која се служи во трпезаријата на одделението.
Oдделот располага со 2 апартмани кои се со поглед накај болничкиот парк. Апартманот содржи еден кревет со посебна квалитетна постелнина, телевизор, фрижидер , кабловска, интернет, со сопствено купатило, комплетиран со средства за хигиена и дезинфекциони средства за родилките и исто така храната се служи во апартманот. Во апартманот се дозволени посети секој ден од 09,00 до 21,00, и цело време е достапен медицински персонал за потребите на пациентот.