Ј.З.У СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ПО ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО "МАЈКА ТЕРЕЗА" - ЧАИР, СКОПЈЕ
ОДДЕЛ ЗА ПАТОЛОШКА БРЕМЕНОСТ

ОДДЕЛ ЗА ПАТОЛОШКА БРЕМЕНОСТ

       Бременоста е состојба која од памтивек се именува и како друга состојба, но исто така и благословена состојба,посаувана од секоја жена и маж,од секоја држава и човечка раса на сите континенти. Бременоста е почетокот и продожетокот на човештвото, и најзагадочната појава во целиот животински свет.

       Упсешното забременување и нормалниот тек на бременоста се желбите на секое семејство.Човечкиот род во минатото имал брзброј непознати за репродукцијата , но и покрај севкупниот напредок во сите области на живеењето сеуште многу неоткриени тајни од моментот на зачнувањето до породувањето. 

       Секој човек со раѓањето го слави својот прв роденден.На првиот роденден тој е помалку или нешто повеќе постар за 280дена. Во тие девет календарски месеци новиот човек живее во утробата на мајката,расте по должина и тежина а веќе се неспорни и доказите дека и емотивно со лубов среќа или тага ја чуствува својата околина. Времето на бременост за секоја трудница е време на гордост но понекогаш и време на грижи исчекување и страв.

      Во нашата болница на одделот за високоризична бременост се згрижуваат трудниците од дијагностицирањето на бременостапасе до чинот на породување.Благодарание на едукативните, искуствените високо-моралните и етички принципи кон кои се придржуваме во секојдневната работа, на нашите пациентки им пружаме стручност професионалност,човечност и грижа за целиот период на бременоста. Перманентното надоградување на знаењето и модерните дијагностички и терапевстски помагала ни навремено дијагностицирање и третирање на разни состојби на фетусот.Прегледите со современи апарати се наше секојдневние, што ни овозможува практицирање на медицина базирана на докази.

Раководител на одделот за патолошка бременост е Др.Методиј Трајчевски